Microsoft: Онлајн состаноците ги заморуваат вработените, па затоа нудиме ново искуство

86

Американецот со индиско потекло, Сатја Надела, го наследи Стив Балмер во 2014 година како извршен директор на мултинационалната компанија Microsoft.

Со почетокот на пандемијата, овој гигант веднаш усвои работа од дома. Но, Надела наскоро ги сфати недостатоците на таквата работа и истакна дека едно лице може лесно да “падне во стапица“ ако премногу долго не ја посети канцеларијата.

“Интернет состаноците можат да ги заморат вработените, а работата од дома им ја отежнува преселбата од деловно расположение во приватно. Кога работите од дома, понекогаш се чини дека спиете на работа“, вели Надела. Тој вели дека различни студии се занимаваат со тоа колку енергија бара видео состанок, па вработениот веќе е уморен по 30 минути од првото видео наутро.

Microsoft има нов производ кој се обидува да го реши ова. Together Mode ги става учесниците во видео повик во виртуелен простор, како што е концерт / сала за состаноци или кафуле, за да создадат канцелариска атмосфера.

Акциите на овој гигант пораснаа за повеќе од 30% во 2020 година, бидејќи корпоративните клиенти се најавуваат за повеќе облачни услуги на Microsoft, како и за претплати на софтвер, за да помогнат на работна сила да функционира од далечина.

Фото: Freepik