Само неколку часа по раѓањето на Фреди Фигерс, неговата мајка го фрлила во ѓубре. Му рекле дека таа е зависник од наркотици и не може да се грижи за него, но откако бил пронајден, веднаш бил згрижен од страна на згрижувачки родител.
Денес, тој реши да го сподели својот пат со целиот свет од “бебе од контејнер“ до успешен млад бизнисмен.
“Моите згрижувачки родители прифатија повеќе од сто деца во текот на нивниот живот, но јас бев еден од двајцата што ги посвоија. Тие се приближуваа до 70 – те години, така што дел од плановите за во иднина не биле посвојување новороденче, но бидејќи видоа низ што поминав, тие не сакаа да поминувам низ системот за грижа. Живеевме во еден мал град на Флорида каде секој знае сè, па децата на училиште ја слушнаа мојата приказна дури и пред мене“, изјави тој за Guardin.
Неговите врсници го малтретирале, нарекувајќи го “бебе од контејнер“.
“Тогаш морав да разговарам со татко ми. Кога имав 10 години ми рече во какви околности сум роден. Мислев: Дали некој навистина ме фрлил? Дали сум ѓубре или личност? Сето тоа ми пречеше долго време, но го надминав. Имав мајка и татко кои ме сакаа“, вели Фреди.
Возраста на неговите родители значело поинакво детство.
“Татко ми не можеше да игра фудбал со мене, па затоа се заинтересирав за технологијата. Читав енциклопедии. Бевме сиромашни, одевме во луксузни продавници во потрага по работи што ги фрлиле. Кога имав осум години, татко ми ми купи користен Macintosh компјутер од пазар. Не работеше, но успеав да го расклопам и поправам, по 50 обиди“ додава Фигерс.
Компјутерите биле негов спас. Тоа го однело во компјутерската лабораторија во училиште и го охрабрило да започне сопствен бизнис, поправајќи компјутери.
Прва заработка на 14 години
“На 12-годишна возраст ја добив својата прва работа. По училишните часови работев во градското собрание како компјутерски техничар. Помогнав во развивање на протоколи за Интернет услуги, ја зголемив страста до крајни граници. Научив сè што можам и до 14 години започнав со програмирање, седев на компјутер два дена и не бев гладен. Ми се допадна“, вели Фигерс.
Помогал и во автосалон. Нивните документи се изгубиле, па дизајнирал база на податоци за нив.
“Кога се вратив дома, започнав да го правам истото за други компании. Добро заработував на 14 години, но секогаш заштедував знаејќи дека сакам да имам своја компанија за телекомуникации“, се сеќава Фреди.
Кога имал 17 години, на неговиот татко му била дијагностицирана деменција. Среде ноќ, тој излегувал од куќата и пешачел неколку километри. Тој ќе заборавел да носи кошула и панталони, но секогаш имал чевли на себе.
“Зедов една плоча и ја инсталирав во ѓонот на која имаше звучник и сензор. На тој начин можев да проверам каде е кога ќе заминеше од дома, и мојот глас ќе се слушне од уредот. И објаснив на една компанија што работев со она што го направив и беа воодушевени. Тие го купија уредот од мене за 2,2 милиони долари“, вели Фигерс.
Фигерс сега има 31 година и е извршен директор на компанијата Figgers Communication и фондација која им помага на децата во згрижувачки семејства.
“Купуваме 25.000 велосипеди за Божиќ и ги подаруваме. На родителите им должам сè, бидејќи тие ми покажаа сочувство и дека имам добри луѓе околу мене. Никогаш не слушнав како татко ми вика. Тој почина во 2014 година, но дури и кога бев дете, знаев дека тоа е тој пар чевли во кои сакав да чекорам“, заклучува Фигерс.