На чело на ВВС застанува поранешен банкар

150

Велика Британија го именува Ричард Шарп, поранешен банкар од Goldman Sachs, за прв човек на јавниот сервис ВВС.

Шарп до неодамна работел како советник на британскиот министер за финансии, Риши Сунак. Тој функцијата во ВВС ќе ја наследи од Дејвид Клементи, кој е поранешен заменик гувернер на Банката на Англија, којшто ја напушта челната позиција по четиригодишен мандат, пренесува Ројтерс.

ВВС се соочува со предизвик за понатамошно финансирање, бидејќи гледачите сè повеќе се завртуваат кон конкурентите.

Новиот претседател на компанијата ќе се приклучи на раководниот тим на ВВС во време кога медиумот се соочува со една од најголемите закани откако е основан пред 98 години, а коишто се однесуваат на неговата иднина.

Претседателот на компанијата, кој кралицата официјално го именува на предлог на владата, е одговорен за зачувување и заштита на независноста на ВВС, којшто се финансира од претплата што ја плаќа секое домаќинство за гледање телевизиска програма.

Фото: Facebook