Најголемиот поединечен акционер во хрватската шеќерана Виро, Маринко Задро, го продава својот удел во шеќерниот бизнис, пишува Јутарњи лист. На ваков чекор се одлучил затоа што заклучил дека по влегувањето на Хрватска во Европската унија, шеќераната од Вировитица нема да може долгорочно успешно да работи без стратешки партнер. Не е познато дали Маринко Задро, еден од најбогатите бизнисмени во Хрватска кој се најде на седмото место на листата на хрватски Форбс, ќе го продава само контролниот пакет или целиот удел од 42,87%.
Според пишувањето на Јутарњи, неговиот син Жељко Задро, претседател на Управата на Виро веќе преговара со потенцијален купувач од Германија.
“Бараме стратешки партнер за Виро, Надзорниот одбор пред еден месец и одобри на Управата на потенцијалните инвеститори да им овозможи увид во деловните книги”, потврди Жељко Задро за Пословни дневник.