Ryanair под истага

52

Италијански обвинители покренаа истрага против најголемиот европски дисконтен авиопревозник, ирскиот Ryanair, поради сомнение дека избегнувал да плати околу 12 милиони евра придонеси за пензиско осигурување за работниците.

Од канцеларијата на јавниот обвинител во градот Бергамо тврдат дека Ryanair избегнувал да плаќа повисоки придонеси за пензиско во Италија за вработените на аеродромот Орио ал Серио со кој управува, плаќајќи пониски придонеси во Ирска.

Истрагата е составен дел од пошироката офанзива што против Ryanair ја потегна италијанскиот државен пензиски фонд INPS. Фондот покрена слични правни потези во неколку градови во Италија во кои работи овој ирски авиопревозник.

INSP тврди дека Ryanair не платил околу 12 милиони евра придонеси за пензиско за 220 вработени во Бергамо, вклучувајќи ги и казните.

Во Ryanair не сакаат да го коментираат случајот, нагласувајќи дека ги почитуваат европските прописи.

Новите прописи на Европската унија усвоени оваа година, одредуваат дека пилотите, стјуардесите и останатиот екипаж во авио компаниите плаќаат придонеси во земјата во која се наоѓа нивната матична база, односно таму каде што започнуваат и завршуваат нивните работни задачи. Сепак, компаниите имаат 10 години време да се усогласат со новите прописи.