Компанијата HG Spot Informatika го направи првиот хрватски паметен телефон Forcebook UltraPhone 40. Уредот е пуштен во продажба викендов. Со поевтин паметен телефон HG Spot сака да фати дел од пазарот кој не е интересен за глобалните произведувачи.
“Средниот и понискиот сегмент на пазарот се нашата можност. Затоа цената на Forcebook е атрактивна, само 67 евра. Дека пазарот е заинтересира покажува фактот што веќе продадовме неколку примероци”, вели директорот и сопственик на HG Spot, Саша Лончар за Пословни дневник.
Лончар додава дека плановите за продажба не се ограничени само на Хрватска, туку и на пазарите на Европската унија.
Првиот хрватски смартфон има екран од 4 инчи, резолуција 320×480, а работи на Android 4.0.4 со Spreadtrum 6820 1 GHz процесор. Опремен е со 512 MB меморија. Има можност за користење на две SIM картички и има две камери, задната со резолуција 2 Mpx, а задната 0,3.