
Годишната инфлација во Хрватска за октомври, според прелиминарните податоци, се зголеми од септемвриските 4,7 проценти на 4,9 проценти, според извештајот објавен денес од Државниот завод за статистика.
Цените на енергијата се зголемија за 20,5 проценти на годишно ниво, во услужниот сектор за 7,5 проценти, храната, пијалоците и тутунот за 0,2 проценти, додека цените на индустриските непрехранбени производи, освен енергијата, се намалија за 1,1 процент.
На месечна основа, потрошувачките цени во Хрватска се зголемија за 0,7 проценти во споредба со септември.













