Сите успешни претприемачи имаат една заедничка особина

Што го прави еден претприемач успешен? Некои луѓе веруваат дека тоа е иновативноста. Сепак, да се биде иновативен помага, но тоа не е одлучувачки фактор.

Можеби пристапот до капитал? Тешко е да започнете бизнис, ако немате пари со кои ќе стартувате. Дури и да е така, постојат многу успешни стартапи кои едвај преживеале првите неколку години.

Менаџерски вештини? Ни под разно. Претприемачите се познати по избувливоста и само неколкумина имаат трпение да им бидат ментори на вработените.

Постои една и само една работа што секој добар претприемач апсолутно мора да ја поседува – храброст.

Храброста е многу ретка во нашиот свет. Бројни истражувања покажаа дека луѓето пред сè повеќе ја ценат сигурноста. Повеќето луѓе се подготвени да толерираат речиси сè – лош брак, ужасен шеф, работа што ја мразат – само ако тоа ги прави да се чувствуваат посигурни.

Но, претприемачите не се такви.

Треба храброст да се напушти предвидлива корпоративна работа.

Треба храброст да се преземе ризикот од неуспех.

Треба храброст да се претворат соништата во реалност.

Треба многу храброст да се предаде кормилото кога компанијата ќе ве прерасне и веќе не можете да управувате со неа.

Ете затоа претприемачите се херои во нашиот модерен свет, пишува Inc.com.

Фото: Freepik