Ако планирате да инвестирате – бизнис што носи брза и сигурна заработка, без ризици и грешки

923

Помалите или поголемите хали покрај брзи сообраќајници и добро поврзан пат се денес вистинска мека за инвестиции од граѓани или бизнисмени кои имаат 15 или 20.000 евра. Исто така, вообичаена практика е оние што имаат своја парцела да земаат заеми, да градат хали и велат дека инвестицијата ја враќаат во рок од една до две години.

A пресметката е едноставна. Сала од 100 квадратни метри може да се направи за 15.000 евра, а може да се издава за околу 1.000 евра месечно. И тоа, како на периферијата на поголемите градови, на дваесетина до 30 километри од Белград, така и во близина на помалите градови низ Србија. И што е најважно, изградбата се одвива брзо, пишува српски Блиц.

Изнајмувањето мали магацини е бизнис којшто нема големи оперативни трошоци, а првичните инвестиции не мора да бидат големи, бидејќи квадратен метар на ваков објект може да чини 200 до 300 евра. Покрај тоа, според експертите враќањето на инвестицијата може да се очекува по една година, што е значително побрзо отколку, на пример, при изнајмување стан.

Побарувачката за такви мали хали и магацини значително се зголеми во последната година, бидејќи пандемијата на коронавирус принуди многу компании да работат од дома или да ги напуштаат деловните простории. Логично прашање беше што да се прави со работите што беа во нив – мебел, опрема, архиви … Од друга страна, магацините сè повеќе ги бараат поединци и семејства, бидејќи становите во новите згради многу често немаат подруми или остава, а некаде треба да чувате вишок облека, опрема за бебиња, зимски гуми … Меѓу корисниците на ваквите простори, има сè повеќе големи кафулиња и ресторани кои го чуваат својот летен инвентар.

“Таквите објекти често се од монтажен тип и можат да се градат многу брзо, за неколку недели, во зависност од големината. Првичната инвестиција не е голема бидејќи нивната цена е околу 200 до 300 евра за метар квадратен, а инвестицијата се исплати за една година“, објаснува Горан Родиќ од Градежната комора на Србија.

Бизнисот за изнајмување мали магацини стана една од ретките дејности што растеше во Србија во последните месеци, иако сè уште е на почеток кога ќе се спореди со земјите од Европската унија. Оние кои влегоа во овој бизнис проценуваат дека тоа ќе стане вистински хит на српскиот пазар за три до пет години.

Сериозен  бизнис

Бројките покажуваат дека секое десетто семејство во САД изнајмува дополнителен простор за одложување на ствари. Тоа се претежно мали магацини, а компаниите кои се занимаваат со изнајмување заработуваат околу 24 милијарди долари годишно.

И во Европа постои потреба за вакви објекти, па така во Полска една фирма направила франшиза од ваков бизнис. Според нив се покажало дека битно е халите да бидат нон-стоп достапни, да биде сместен во градска зона и периодот на изнајмување да биде флексибилен.

Фото: Freepik