ОНЕ со сертификат на усогласеност со ISO 20000:2011 и ISO27001:2005

43

one11Телекомуникацискиот оператор ОНЕ се здоби со сертификат на усогласеност со ISO 20000:2011 и ISO27001:2005 – два стандарди за управување со IT сервиси и безбедност на информации.

Покрај ISO 20000:2011 и ISO27001:2005, во 2011 година ОНЕ беше сертифицирана и според ISO 9001:2008, стандардот за управување со квалитет.

Со воведувањето на овие стандарди компанијата покажува подготвеност за надградба на своите системи и процеси и целосна посветеност на испорака на најдобри кориснички сервиси и безбедност на информациите со кои располага.