Мишел Обама на Netflix има своја кулинарска емисија

105

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама на Netflix започнува сопствена кулинарска емисија наменета за најмладите. Таа ќе биде ѕвезда и извршна продуцентка на емисијата Waffles+Mochi, што ќе почне да се прикажува на 16-ти март, пренесува CNN.

На прашањето за новата емисија, Обама објаснила дека нејзината содржина ќе биде првенствено наменета за децата. Главните ѕвезди на емисијата ќе бидат две кукли под имињата Waffles и Mochi, а Обама ќе биде сопственичка на продавница. Како што објаснила, преку емисијата ќе биде прикажано нивното заедничко “патување“ на кое ќе го пробаат кулинарството.

Тема на емисиите ќе биде тесно поврзана со слоганот Let’s move (да се движиме) од претходната кампања на Мишел Обама за јавно здравство, чија цел е сузбивање на дебелина меѓу децата. Целта на нејзината кампања е да се покрене иницијатива со којашто на сите семејства ќе им се обезбеди пристап до здрава и ценовно достапна храна, како и зголемување на физичката активност.

Ова не е прв обид на Мишел во телевизиските води, бидејќи нејзиниот документарен фол Becoming се прикажува на Netflix, а минатата година започна и podcast на Spotify. Мишел заедно со нејзиниот сопруг, Барак Обама, со Netflix потпишаа повеќе годишен договор за продукција на филмови и серии под името Higher Ground Productions.

Фото: Fаcebook