Нокиа ја воодушеви светската јавност со презентирањето на првиот паметен телефон од серијата Lumia, кој е опремен со 41-мегапикселна камера направена со технологијата PureView.
Освен кристално јасната слика, оваа камера има способност да прикаже многу повеќе детали при зумирање, односно со зум од 6 пати, може да сними слики од 5MP во размер 16:9 или 4:3 со одлична острина.
Новиот телефон има AMOLED дисплеј од 4.5 инчи, Snapdragon процесор со две јадра со брзина од 1.5GHz, внатрешна меморија од 32GB, 2GB RAM меморија.
Некои од перформансите на убедливо најдобрата камерата на Нокиа досега, се: Carl Zeiss оптики, оптичка стабилизација на слика, ксенон блиц за слики и LED блиц за видео, Nokia Rich снимање видео, full HD 1080p видео поддршка и заден сензор.
Lumia 1020 додатоците вклучуваат Camera Grip со поддршка за монтирање на статив со USB порт и батерија, како и опционално безжично полнење на телефонот.
Паметниот телефон е достапен во жолта црна и бела боја. Неговата дебелината е 10,4 mm, додека тежината 158 g.
Новиот телефон со цена од 300 долари ексклузивно ќе биде пуштен во продажба на 26 јули на територијата на САД, додека глобални продажби се најавуваат до крајот на овој квартал.