Светска банка: Само 10 земји во светот имаат еднакви права за жените

89

Во светот само 10 земји нудат целосна правна заштита на жените, покажува извештајот на Светска банка – Women, Business and Law 2021.

Станува збор за Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Ирска, Латвија, Луксембург, Португалија и Шведска, коишто имаат 100 поени. Вкупно 94 од 194 рангирани земји имаат 80 или повеќе поени.

Од земјите во регионот, најдобро е позиционарана Словенија со 96,9 поени, а понејзе следат: Хрватска (93,8), Србија (93,8), Албанија (91,3), Бугарија (90,6), Црна Гора (88,1), Босна и Херцеговина (85)…

Македонија има 85 поени, при анализа на неколку важни индикатори, како што се: мобилност, работно место, плата, брак, мајчинство, претприемништво, имот, пензиско осигурување.

На дното на листата се најдоа земји како што: Газа (26,3), Јемен (26,9), Кувајт (28,8), Судан (29,4) и Катар (29,4).

Фото: Pexels