Турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines минатата година ја заврши со загуба од 761 милион долари, пренесуваат тамошните медиуми.
Пред пандемијата, авиопревозникот работеше со добивка што во 2019 година достигна околу 600 милиони долари.
Во финансискиот извештај на Turkish Airlines се наведува дека поради пандемијата во 2020 година, глобалниот авиосообраќај има голем пад како резултат на рестриктивните мерки за сузбивање на заразата.
Во јануари услугите на турскиот авиопревозник ги користеле околу два милиони патници во јануари што е околу 60,3% од вкупниот капацитет.
Фото: Pexels