Американскиот технолошки гигант Microsoft е во преговори за купување на социјалната мрежа Discord, за 10 милијарди долари, објави Bloomberg.
Според извори запознати со преговорите за зделката, Discord разговара и со други потенцијални купувачи, но сè уште не е потпишан договор. Постои и мислење дека компанијата е поверојатно да излезе сама на пазарот и во јавноста, отколку да биде продадена.
Главно, разговорите меѓу Discord и Microsoft, досега биле околу проценката на интересот на компанијата. Преговорите со социјалната мрежа ги води Фил Спенсер, шеф на одделот Xbox во Microsoft, што развива конзоли за игри.
Создадена 2015 година, социјалната мрежа Discord е замислена како платформа за гејмери и има над 100 милиони активни корисници месечно.
Фото: Pixabay