Американците може да си купат Tesla со биткоини

72

Главниот извршен директор на Tesla, Илон Маск објави дека од сега во САД ќе може да се купуваат автомобили од оваа компанија и со биткоини.

“Сега може да купите Tesla со биткоини“, напиша Маск на Twitter, додавајќи дека луѓето надвор од САД ќе може да ги купуваат возилата на Tesla со биткоини подоцна оваа година, не прецизирајќи за кои земји станува збор, пренесува CNBC.

Компанијата на Маск минатиот месец купи биткоини во вредност од 1,5 милијарда долари и најави дека наскоро ќе почне да ја прифаќа најпопуларната криптовалута како средство за плаќање.

Фото: Pexels