Цената на биткоинот продолжува да паѓа, па во моментов се тргува со најпопуларната криптовалута по цена од околу 51.792 американски долари. Ова значи дека биткоинот изгубил повеќе од 6 % од својата вредност во изминатите 24 часа.
Разликата е уште поголема во споредба со минатиот викенд, кога биткоинот во еден момент ја надмина границата од 60.000 долари и се приближи до историскиот рекорд од 61.500 долари.
Во текот на изминатиот ден, цената на криптовалутата се движеше помеѓу 52.000 и 57.000 долари.
Падот на вредноста дојде по скокот предизвикан од објавата на Илон Маск дека граѓаните на САД, а наскоро и во други земји, сега ќе можат да купуваат автомобили на Tesla со биткоин.
Најновиот пад на криптовалутите ја намали пазарната капитализација на биткоинот на нешто помалку од трилион долари.
Фото: Pixabay