Јапонскиот производител на автомобили Honda мора да повлече околу 628.000 возила во САД произведени од 2018 до 2020 година, поради проблеми со пумпите за гориво.
“Тие ќе мора да бидат заменети бесплатно, во спротивно е можно да се појават проблеми со моторот“, соопшти компанијата.
Повлекувањето се однесува на возилата Accord, Civic, CR-V, Fit, Pilot, Ridgeline, MDX, RDX и TLX.