ЕК размислува да ги ограничи надоместоците на трансакции со картички

Visa-Mastercard-credit-cardsЕвропската комисија ја разгледува можноста за намалување на високите надоместоци на трансакциите на дебитните и кредитните картички кои претставуваат завиден приход на компаниите за картички како Visa и MasterCard, пишува Financial Times.

Со планот не се предвидува целосно укинување на надоместоците, за што претходно се размислуваше, но сепак ќе и се зададе удар на индустријата за картички, пишува весникот.
Планот предвидува ограничување на надоместоците на 0,2% од вредноста од трансакциите остварени со дебитни и кредитни картички. MasterCard и Visa Europe веќе ги ограничија надоместоците на 0,2% од вредноста на трансакцијата за дебитни и 0,3% за кредитни картички во рамки на договорот со регулаторите за сузбивање на картели.
Според проценките на ЕК, предвиденото ограничување во ЕУ ќе го намали вкупниот износ на надоместоци за дебитни картички од 4,8 на 2,5 милијарди евра. Надоместоците за кредитни картички од 5,7 милијарди евра ќе паднат на 3,5 милијарди евра.