Компанијата Рамстор Македонија денеска официјално ќе биде преземена од новиот сопственик – Друштвото Сити плаза холдинг од Скопје.
На примопредавањето на компанијата ќе бидат презентирани новото стратешко партнерство со холдингот Мигрос од Турција и новата инвестициска програма на Рамстор Македонија.
На настанот ќе се обратат Озгур Торт, главен извршен директор на групацијата Мигрос и претседател на Форумот на потрошувачи CGF, Ајдован Адемоски, почесен конзул на Турција и сопственик на Сити плаза, турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок и Осман Арслан, претседател на Халк банка во Турција.