Yahoo ја купи Ztelic

44

yahooОткако претходно овој месец ги презеде Qwiki и Xobni, Yahoo денеска објави дека го презема стартапот Ztelic.

Компанијата Ztelic со седиште во Пекинг е основана минатата година, а примарно се занимава со анализа на податоци од социјалните мрежи. Yahoo не беше толку заинтересиран за услугите на оваа компанија, колку за купување на нејзините талентирани вработени, коментираат аналитичарите. Како последица на тоа, производот на Ztelic, Insight Technology ќе биде изгаснат, а осумте вработени ќе преминат во центарот за истражување и развој на Yahoo во Пекинг.

Откако од Google премина во Yahoo, за само една година на извршниот директор Мариса Мајер ова и е деветнаесетта аквизиција. Сумата за ова преземање се уште не е позната.