Турски автомобил добитник на меѓународна награда за дизајн

114

Турскиот автомобил за прв пат е добитник на најпрестижната награда за дизајн во светот, објави иницијативната група за производство на автомобили во Турција (ТОGG), јавува Anadolu Agency.

TOGG стана првиот турски бренд што доби ваква награда и постигна значителен успех во мобилноста со својот модел C-SUV на iF Design Awards 2021“, се вели во соопштението.

Оваа година, околу 10.000 производи и проекти од 52 земји се натпреваруваа на наградите iF Design, кои од 1954 година се сметаат за симбол на извонредност на меѓународната сцена.