Канцелариите “жртва“ на пандемијата

56

Пандемијата наметна нови правила, нов начина работа…, а под себе ги стави и големите канцеларии низ коишто циркулираат огромен број луѓе во текот на денот, без оглед на тоа со каква дејност се занимава компанијата. Но, од минатата година сите оние кои имаа можност својата канцеларија ја преселија во домот, па се поставува прашањето што ќе се прави со големите и празни деловни простории.

Некои експерти сметаат дека сопствениците на деловни простории ќе мора да изградат нова стратегија со којашто ќе привлечат нови “станари“, но овој пат луѓе кои само ќе живеат во тој простор.

Други пак сметаат дека е сè уште рано да се испратат канцелариите во минатото, бидејќи на луѓето им е потребна интеракција, ќе сакаат да доаѓаат да работат од едно место со колегите, но тоа нема да биде секој ден. Освен тоа, за нив канцеларијата не треба да биде само простор за работа, туку и место на коешто ќе имаат интеракција со колегите, претпоставените, соработниците, каде што ќе добиваат инспирација за својата работа и бидат покреативни и попродуктивни.

Фото: Pexels