Лондон е најскапиот град во светот за изнајмување магацински простор, а растот на цените го надминува оној во Хонгконг и Сан Франциско поради зголемената побарувачка за простор за складирање поради пандемијата, пренесува Bloomberg.
Годишната наемнина на логистички простор во британската престолнина лани изнесуваше 268 долари за метар квадратен, а цената на годишно ниво се зголеми за 13%, покажуваат податоците на консултантската компанија Cushman&Wakefield.
Поради воведениот карантин заради пандемијата порасна продажбата преку интернет, поради што е зголемена доставата до домашна адреса, посебно во Европа, каде што соодветната логистика веќе била проблем.
Во Европа компаниите лани изнајмиле рекордни 32 милиони метри квадратни магацински простор, што е за 14% повеќе во однос на 2019 година.
Фото: Pexels