Ширум светот е актуелна дебата околу тоа дали претстојната инфлација ќе биде на краток или долг рок. Како што минатиот месец пишуваше економистот Нуриел Рубини, за Гардијан, познат како доктор Пропаст, постојат повеќе фактори што ја туркаат економијата кон долгорочна инфлација или во најлош случај стагфлација.
Тој наведува дека стагфлацијата како што имаше во 70-тите години на минатиот век, се приближува од деглобализација и раст на протекционизмот, како и префрлање на странските директни инвестиции од Кина во “поскапиот“ дел од светот.
Како што се заклучува, на краток рок пазарот, работната сила, суровините и недвижнините ќе го запрат скокот на инфлацијата, но на долг рок монетарната и фискалната политика ќе доведе до трајна инфлација и во најлош случај до стагфлација, слично на онаа што се појави по двата шокови, првиот во 1973-та, а вториот во 1979-та година.
Инфлацијата ја намалува вредноста на парите и предизвикува општ пораст на цените. Во секоја пазарна економија, цени на одредени производи и услуги растат, а на други се намалуваат. Инфлацијата се појавува кога ќе дојде до општо зголемување на цените, а не на зголемување само на одреден производ или група производи. При мерење на инфлацијата во предвид се земаат сите стоки и услуги што ги користи едно просечно семејство, а во кое се вклучени секојдневни добра (храна, пијалаци, дневни весници и горива), трајни добра (како што се на пример облека, компјутери, апарати за домаќинство и слично) и услугите (како што се на пример фризерски услуги, осигурување, наем на станбениот простор).
Фото: Pexels











