Социјалната мрежа Twitter наводно ќе излезе на берза до крајот на оваа година. За ИПО-то на Twitter се шпекулира веќе со години, меѓутоа оваа компанија се уште не е во друштво на Facebook и LinkedIn кои веќе се јавно излистани компании. Доколку излезе на берза, акциите на Twitter ќе бидат најочекувани и најатрактивни по излегувањето на Facebook.
Анонимни извори за AllThingsD тврдат дека Twitter уште до крајот на годинава ќе ја предаде документацијата за излегување на берза во облик на иницијална јавна понуда (ИПО). Излегувањето би можело да се очекува на почетокот на 2014 година.
Според некои проекции, Twitter денеска вреди преку девет милијарди долари.