Третина од згаснатите компании се од секторот трговија на големо и мало

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година биле регистрирани 7.785 новосоздадени претпријатија, што претставува 10, % од вкупно активните претпријатија. Во однос на 2018 година, забележано е зголемување на новосоздадените претпријатија за 23,4%.

Најголемиот дел од новосоздадените претпријатија (82,5%) припаѓаат на услужните дејности, во чии рамки најмногу се од секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1.769), Други услужни дејности (1.629), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (677) и Стручни, научни и технички дејности (627). Вкупно 10,1% од новосоздадените претпријатија припаѓаат во секторот Индустрија, а во секторот Градежништво 7,4%.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (64,3%).

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2018 година згаснале 6,7%, односно 4.660.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од згаснатите претпријатија (35,5%) се во секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма најголем дел од згаснатите претпријатијата (74,4%) се категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Фото: Pexels