Со оглед на тоа што многу компании во текот на пандемијата работат од дома, менаџери и работодавачи се најдоа во тешка позиција бидејќи се соочуваат со предизвик да управуваат со тимови што работат далеку од канцелариите.
За да можат да стават ред во работата, некои од нив отишле можеби премногу, користејќи алатки и алгоритми за следење на вработените и нивната работа во текот на денот, но дури и препознавање на лица коишто може да уверат дали некој навистина работи.
Оваа технологија го привлекува вниманието на критичарите, а пример за тоа е Microsoft којшто се соочи со сериозни критики поради “оценките на продуктивноста“ во Microsoft 365, што на менаџерите им овозможува да го следат работникот и неговата продуктивност.
Консултантската компанија PricewaterhouseCoopers беше цел на критики поради употреба на алатка за препознавање на лица за финансиски компании што го следат работењето на вработените и гарантираат дека работникот е навистина на своето “работно“ место во домот.
Истото се случува и со компании кои во своите канцеларии поставувале камери со цел да ги следат вработените, а ако тоа продолжи и кога работат од дома, тоа ќе значи сериозно нарушување на нивната приватност.
Фото: Pexels











