Индустриското производство на Јапонија во април забележа пораст под очекувањата на аналитичарите, пренесуваат светските медиуми.
Индустриското производство во третата по големина светска економија во април се зголеми за 2,5% во однос на претходниот месец, објави јапонската влада.
Зголемувањето било поголемо од она во март, кога индустриското производство беше зголемено за 1,7% во однос на февруари оваа година.
Постигнатите резултати се под очекувањата, меѓу другото, поради недостигот на чипови што создава проблеми во повеќе индустрии, меѓу кои една од најзагрозените е автомобилската.
Фото: Pexels











