о активното купување на станови во Грција, граѓаните на Србија, како што пишува Блиц, сега почнале масовно да купуваат недвижнини во Турција.
Листата на купувачи и заинтересирани за купување станува сè подолга, а на нејзе освен жители на Србија има и гастербајтери и тоа најмногу од оние кои работат во Австрија, Канада и Америка.
Во понудата има различни објекти ширум турското крајбрежје, но по продажба на прво место убедливо води Аланија, туристички град на крајбрежјето на Средоземното море.
“Продаваме, станови, куќи и вили. Тоа се најчесто во модерни комплекси со дополнителни објекти како што се надворешни или внатрешни базени, турски бањи, сауна, фитнес, детски игротеки, паркинзи… Куќите и вилите се поскапи од становите и најчесто се наоѓаат на периферија на градот со поглед на море. Продаваме и станови што се во фаза на изградба директно од градежни компании, но и половни станови што се веќе изградени и се во функција“, вели за Блиц Нана Каравелиќ, која е генерална менаџерка на регионална агенција за продажба на недвижнини во Турција.
Според зборовите на Каравелиќ, голем интерес за недвижнини во Турција има и од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од многумина кои живеат во Америка и Канада.
Според податоците, цените на недвижнините во Турција се пониски од оние во Белград. Па така, стан од 70 метри квадратни, што е стара градба, во центарот на Белград би чинел од 190.000 до 210.000 евра или од 2.500 до 3.000 евра за квадрат. Целосно наместен стан, нова градба, од иста квадратура, во близина на Аланија во Турција ќе чини околу 60.000 евра, а станот се наоѓа на околу 450 метри од крајбрежјето на морето, а на располагање на станарите им е и базен.
Недвижнините најмногу се продаваат како куќи за одмор, но чест е случајот луѓе да се во потрага по нов во Турција. Според законот од 2012 година, на државјани од над 120 земји им е дозволено да купуваат недвижнини во Турција, а за почеток потребен им е само пасош.
Фото: Pexels