Уапсени 1.100 “рудари“ во Кина

25

Кина уапсила 1.100 лица поради криминал поврзан со криптовалути. Кинеската полиција разбила голема мрежа во којашто биле вклучени луѓе кои переле пари преку криптовалути, соопштува тамошното Министерство за јавна безбедност.

Рудниците на биткоини во Кина чинат сочинуваат околу 80% од светската трговија со криптовалути, иако тргувањето во Кина е забрането.

На клиенти им наплаќале провизија за претворање на нелегална заработка во виртуелни валути преку крипто берзите.

Кина го забрани тргувањето со криптовалути во 2019 година и ги заостри ограничувањата во експлоатација на биткоинот.

Фото: Freepik