Philips повлекува околу четири милиони респираторите поради опасност по здравје

Холандскиот производител на медицинска опрема, Philips објави дека повлекува дел од респираторите поради опасност од распаѓање на ситни токсични честички што може да предизвикаат рак.

Пената што би можела да се распадне се користи за пригушување на звукот на уредот, а може да се распадне на честички кои лесно се вдишуваат и ги надразнуваат дишните патишта. При распаѓање на пената, се создаваат гасови што, исто така, може да бидат токсични и да бидат опасни по здравјето на луѓето, па дури и да предизвикаат рак.

Компанијата повлекува меѓу три и четири милиони респиратори и апарати за асистенција при дишење во случај на апнеа во сон, рекол извршниот директор на Philips, Фран вон Хаутен.

Philips во првото тримесечје соопшти дека за решавање на тој проблем издвои 250 милиони евра, а сега планира да одвои уште толку.

Фото: Freepik