Во време кога многу компании како што е Uber се обидуваат во својата понуда да вметнат и автономни летечки возила, американскиот старт – ап Kelekona сака да отиде еден чекор подалеку и да ги создаде дрон автобус за превоз на 40 патници. Се очекува дронот што ќе превезува 40 патници да го изврши својот прв лет во 2024-та година на 30-минутно растојание меѓу Менхетен и Хемптон, а билетот за патниците ќе чини 85 долари.
Големиот електричен патнички дрон го нарекуваат летечки воз, а неговата шасија ќе биде испечатена на 3D принтер, додека погонскиот систем ќе биде доволно силен за превоз на 40 патници и пилот или пет тони товар, што е значајна разлика меѓу летечките такси возила што може да превезат само неколку патници
“Она што ние создаваме е една голема летечка батерија. Наместо изработка на шасија и потоа како во нејзе да ја сместиме батеријата, ние почнуваме од батеријата на којашто потоа ќе додаваме други работи“, вели Брајден Келекона, основан и главен извршен директор на компанијата.
Батеријата би требало да има капацитет од 3,6 мегаватчас, што е доволно за снабдување со струја на стотина или 1.000 домови.
Фото: Freepik











