Во текот на минатата година во земјава се изградени 82 викенд куќи со вкупна површина од 7.240 метри квадратни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од нив, најмногу (32) се изградени во Струга, 13 во Кочани, осум во Тетово, четири во Маврово и Ростуше…
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 7.740.488.000 денари.
Во текот на 2020 година се градени вкупно 1.617 објекти и завршени се вкупно 1.742 станови со вкупна површина од 220.282 мети квадратни.
Просечната корисна површина на завршените станови е 126,4 метри квадратни.
По региони, најмногу се градеше во Полошкиот регион, потоа Скопскиот, Југозападниот итн.
Фото: Pexels











