Без насмевка не влегувајте на работа: Ново правило во кинеска компанија

40

Менаџментот на кинеската подружница на Canon дојде на идеја како да ја подобри “работната етика“ во компанијата. Тие ги принудуваат вработените да доаѓаат на работа со насмевка на лицето, а ширењето на нивната насмевка ќе го контролираат паметни камери, пишува The Verge.

Во канцеларии на Canon во Кина ќе бидат инсталирани камери што ќе имаат опција да препознаат насмевка. Таки камери ќе бидат поставени на влезовите во салите за состаноци и во уште неколку други простории, за коишто ќе биде важно вработените да бидат насмеани.

Кинеската јавноста не реагирала бурно на оваа најава бидејќи таму е скоро нормално да се надгледуваат работниците и нивниот учинок на работа, па најверојатно и ова вештачко смеење на вработените ќе биде нормално.

Фото: Pexels