Кој е најголем потрошувач на вода во земјава?

75

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 313.013.000 метри кубни вода за снабдување, што е за 3% повеќе во однос на 2019 година.

Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода е зафатено од изворски води, 63,8%, а најмалку од езера 0,8%.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2020 година било за 1% повеќе во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 69,1% од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Вкупното количество отпадни води во 2020 година било за 0,8% помало во однос на 2019 година.

Од вкупното количество испуштени отпадни води во 2020 година, 66,6% биле непречистени, а 33,4% пречистени отпадни води.

Фото: Pexels