Словенија ја издаде првата одржлива обврзница од којашто средствата од емисијата се наменети за финансирање само на одржливи проекти. Обврзницата достасува за 10 години, а приносот е 0,170%.
Словенија е прва земја во централна и источна Европа, а втора меѓу земјите членки на Европската унија што издава таков вид на обврзница, јавуваат словенечките медиуми.
Приливите од издадените одржливи обврзници ќе се користат за финансирање на еколошки и социјални проекти, како и за промоција и развој на домашниот и меѓународниот пазар на “зелени“ обврзници. Инаку, тоа е финансиски инструмент ист како и останатите државни обврзници.
Успешната трансакција, во којашто побарувачката надмина 8,4 милијарди евра, како што пренесуваат медиумите, е доказ за силната доверба на институционалните инвеститори во Словенија, посебно во нејзината насоченост кон животната средина и социјалната транзиција.
Интерес за обврзниците покажале над 210 инвеститори.
Фото: Pexels