Топ пет најтргувани акции во јуни

56

Акциите на Македонски Телеком, Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол и НЛБ Банка се петте најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во јуни, покажува Месечниот статистички билтен.

Со 40 трансакции и промет од над два милиони евра, најтргувани беа акциите на Македонски телеком, коишто учествуваа со 26,93% во вкупниот промет на официјалниот пазар на Македонска берза.

Со 332 трансакции и промет од 1,8 милиони евра следат акциите на Комерцијална банка. На трето место се најдоа акциите на Алкалоид со 19,56% учество и промет од 1,4 милиони евра. По нив следат акциите на Макпетрол (со 117 трансакции и 542.614 евра) и НЛБ Банка (со 88 трансакции и промет од 414.577 евра).

Во текот на минатиот месец, пет акции со најголем пораст беа оние на УНИ Банка (+7,97%), Стопанска банка Битола (+4,48%), Адинг (+4,42%), НЛБ Банка (+3,20%) и Бетон (+2,99%).

Од друга страна, најголем пад имаа акциите на: Окта (-10,53%), Тетекс Тетово (-5,69%), Стопанска банка Скопје (-3,89%), Макстил Скопје (-3,85%) и ТТК Банка (-3,62%).

Фото: Pexels