На увоз на пиво лани потрошија шест милијарди долари

63

Увозот на пиво минатата година достигна вредност од 15,6 милијарди долари, што е за 5,6% помалку во споредба со 2019 година.

Петте најголеми увозници во светот (САД, Франција, Кина, Велика Британија и Италија) опфатија 57% од вкупниот увоз на пиво.

САД се лидери во увоз на пиво со 38,2% удел во глобалниот увоз и за тоа потрошиле шест милијарди долари.

Меѓу петте најголеми увозници на пиво во светот се и: Франција (една милијарда долари), Кина (695 милиони долари), Велика Британија (669 милиони долари) и Италија (547,5 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник на пиво е Босна и Херцеговина со 60,8 милиони долари, по што следат: Бугарија (53,7 милиони долари), Хрватска (52,6 милиони долари), Словенија (29,8 милиони долари), Грција (25,6 милиони долари), Србија (20,6 милиони долари) и Албанија (18,3 милиони долари).

Фото: Pexels