Прва земја членка на ЕУ што ја спушта рампата за невакцинирани посетители

137

Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот, изјави министерот за здравство Крис Ферн.

Негативен тест за коронавирус веќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров.

“Ние ќе бидеме првата земја на Европската унија што ќе донесе оваа одлука, но мора да го заштитиме нашето општество, рече Ферн на прес-конференција.

Изјавата на министерот следеше откако од понеделникот на Малта секој ден има двојно повеќе заразени лица.

Фото: Pixabay