Вниманието на фудбалска Европа синоќа беше насочено кон мечот меѓу репрезентациите на Италија и Англија кои се бореа за титулата европски шампион на стадионот Вембли.
Италијанците на пенали го “тепаа“ Англија, а со тоа во Рим ќе понесат и поголем паричен износ како дел од паричниот фонд на ЕУРО 2020.
Според светските медиуми, Италија заработи 34 милиони евра од фондот на UEFA, којшто оваа година е 371 милион евра.
Англија како второпласирана од Европското првенство си заминува побогата за 30,25 милиони евра.
Секој од 24-те фудбалски тимови ќе го добијат гарантираниот износ од 9,25 милиони евра со бонуси за победи и нерешени натпревари во групната фаза, како и за напредување во секоја нокаут рунда.
Фото: Facebook