Кога ќе биде првиот работен ден на интегрираната банка во којашто се споени Охридска и Шпаркасе Банка?

96

Во врска со постапката на присоединување на Охридска Банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година, стои во информацијата објавена на Македонска берза.

Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка.

Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.

Фото: Facebook