Кампањата за справување со непријавената работа, под слоганот За да имаш подобар персонал – грижи се подобро за персоналот ќе биде промовирана денеска.
Главната цел на кампањата е подигнување на свеста во јавноста, кај работодавачите и кај работниците, за негативните последици од ангажирање на непријавени работници.
На прес-конференција за промоцијата ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, Фрек Јанмаат, раководител на оддел за операции, Делегација на Европската Унија, Јована Тренчевска, директорка на Државниот инспекторат за труд, Владанка Трајковска, претседателка на Организацијата на работодавачи на Македонија и Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Ќе бидат објавени и нови мерки за зголемување на бројот на работници со регулиран работен однос во туристичко-угостителскиот сектор, кој беше еден од најпогодените од последиците од Ковид-19 пандемијата.
Кампањата е во организација на Економско-социјалниот совет, со поддршка од Меѓународната организација на трудот, а финансирана од страна на ЕУ.
Фото: Pixabay