Без оглед дали се на отворено или затворено ноќните клубови и дискотеките во Грција ќе примаат само вакцинирани

114

Иако новите мерки кои стапуваат денеска во сила, првично се однесуваа само на затворени простори, сега, во објавената одлука од надлежните министерства има промени во однос на ноќните клубови.

Ноќните клубови, дискотеките, бузуки и слично во Грција, без оглед дали се на отворено или затворено, ќе примаат исклучиво вакцинирани гости или лица кои прележале Ковид-19, согласно новата министерска одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

За кафулињата и рестораните, мерката само за вакцинирани гости се однесува само на внатрешните делови, додека пак за ноќните клубови важи и за оние на отворено и на затворено.

Ова, како што пренесува МИА, во пракса значи дека за забавување во ноќен клуб во Грција, дури и да е летен клубот, потребен е или сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, а оваа мерка за грчкиот ноќен живот важи и за туристите.

При влезот ќе се врши проверка на сертификатите преку специјалната апликација Covid free GR, заедно со документ за лична идентификација, а државјаните од трети земји, односно туристите, исто така ќе треба да го покажат нивниот сертификат.

Ноќните клубови ќе работат со 85 % од капацитетот и исто како и во кафулињата забрането е стоење, па гостите мора да седат.