Македонија е 84-та земја во светот по извоз на мобилни телефони, чија вредност во 2020 година достигна 856.000 долари или 32,7% помалку одошто една година претходно.
На глобално ниво, извозот на мобилни телефони во 2020 година се позиционираше на 247,8 милијарди долари, што е 8,1% помалку отколку во 2019 година.
Кина е лидер на светската листа, држејќи 50,9% од вкупниот извоз и заработка од 126 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на мобилни телефони, според податоците на World’s top exports, лани беа и: Виетнам (35,3 милијарди долари), Хонгконг (27,5 милијарди долари), САД (9,6 милијарди долари) и Чешка (6,5 милијарди долари).
Од земјите во регионот, Бугарија има најголем извоз на мобилни телефони од 171,8 милиони долари. Потоа следат: Словенија (165,6 милиони долари), Грција (81,2 милиони долари), Хрватска (49,7 милиони долари), Србија (31 милион долари), Босна и Херцеговина (847.000 долари) и Црна Гора (834.000 долари).
Фото: Pixabay