Дизелот добива нова и пониска цена за два денари, додека бензините поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 61 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР
БС-95 ќе се точи по 72,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 74,50 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство, исто како и бензините поевтинува за денар, па ќе чини 63,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 SU се зголемува за 0,299 ден / кг и ќе изнесува 38.018 ден / кг.
Фото: Pexels