Согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за проширување на котација на државни обврзници, почнувајќи од 20.07.2021 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GW42 која првично беше котирана на 01.07.2021 година со издадени 59.820 обврзници во вредност од 598.200.000 денари, после што емисијата на овие државни обврзници ги има следниве карактеристики:
Шифра на тргување: M170636
ИСИН: MKMINF20GW42
Број на новоиздадени хартии од вредност: 131.758
Вкупен број на издадени хартии од вредност: 191.578