Словенечката финансиска управа, во првите шест месеци од оваа година, наплати 9,34 милијарди евра од даноци и различни давачки, што е за 24,6% повеќе во однос на минатата година.
Приливите од придонеси за социјално, пензиско, инвалидско и здравствено осигурување изнесуваат 8,97 милијарди евра или 27,8% повеќе одошто во првата половина од 2020 година. Тој износ, исто така, е за 8% поголем во однос на првото полугодие на 2019 година.
Врз основа на даноци на производи и услуги, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност и акцизи, наплатени се 2,72 милијарди евра, што е за 16,6% повеќе одошто истиот период лани, при што износот од ДДВ е зголемен за 23,6% а од акцизи 6,3%.
Фото: Pexels