Кина претстави воз што може да се движи со 600 км/ч

75

Кина претстави маглев воз којшто е дизајниран да постигне брзина до 600 км/ч, што го прави најбрзо копнено возило на светот. Возот беше претставен во кинескиот град Чингдао, во источната провинција Шандунг.

Возот се очекува да помине растојание од 1.000 километри за два и пол часа.

Кина самостојно го разви овој воз, кој ги рефлектира најновите научни и технолошки достигнувања на таа земја во областа на железничкиот транзит, објави Кинеската железничка корпорација. Возот може да стане оперативен во следните три до десет години. 

Фото: Facebook