ММФ ја задржи проценката од 6% раст на глобалната економија

48

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) останува на проценката дека глобалниот економски раст годинава ќе биде околу 6%, слично како што прогнозираше во април, при што некои земји растат побрзо, а некои побавно, смета извршната директорка, Кристалина Георгиева.

Таа предупреди дека економското закрепнување може да биде ограничено доколку не забрза вакцинацијата против коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Оцени и дека завршување на пандемијата до крајот на следната година нема да може да се постигне со сегашното темпо на вакцинирање.

Георгиева навела дека најверојатно ќе бидат потребни 11 милијарди дози вакцини за да се покријат потенцијалните потреби на некои земји со зајакнување на динамиката на вакцинирање или да се надомести загубата на некои дози.

Фото: Pexels